Северна Македонија и Молдавија се приклучија на „Коалицијата на волјата“ која ќе се состане во Париз за да се постигне договор за обезбедување повеќе средства за воздушна одбрана на Украина.

– Потпретседателот на Владата Беким Сали учествува на денешниот состанок во Париз чија цел е постигнување на договор за јакнење на украинската противвоздушна одбрана, jавија српските медиуми.
Коалицијата на волјата ја сочинуваат држави кои се обврзуваат да ја јакнат украинската одбрана од, како што велат, руската агресија.




