дома Локално Во Битола, започнува шестото издание на „Етно Македонија“

Во Битола, започнува шестото издание на „Етно Македонија“

Битола повторно ќе биде домаќин на млади музичари од целиот свет – започнува шестото издание на „Етно Македонија“

На 14 јули започнува шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог.
Во периодот од 14 до 24 јули, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, учејќи традиционална музика едни од други по слух, преку препознатливата Ethno методологија.

Годинашни уметнички ментори се Ангел Спироски (Македонија) и Џули Граехн (Данска), која минатата година беше учесник на „Етно Македонија“, а по успешното завршување на меѓународната обука за Ethno уметнички ментори, оваа година се враќа во нова улога – како ментор. Координатор на проектот „Етно Македонија“ 2026 е Верица Ајтовска.

 

Во текот на кампот, учесниците заеднички ќе создадат концертна програма составена од традиционални мелодии од сите земји учеснички. Иако најголем дел од нив никогаш претходно не се сретнале, за само неколку дена тие ќе подготват заеднички концерт кој ќе биде изведен на 23 јули, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.

Публиката ќе има можност да ужива во единствен музички спој на традиции од различни делови на светот, создаден токму во Битола.

 

ПредходнаЦените на нафтата скокнаа над 4% по новите напади меѓу САД и Иран
СледнаНЛБ има намера да го намали прагот за преземање на Адико Банка