Четириесетгодишен скопјанец бил пронајден починат во стан во скопската општина Аеродром.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 11 јули околу 18:20 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото извршиле увид полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.




