дома Македонија Владата освежена со нови осум министри, ќе донесат ли тие нова енергија?

Владата освежена со нови осум министри, ќе донесат ли тие нова енергија?

Владата е освежена со осум нови министри. Дали тие ќе донесат нова енергија како што очекува премиерот Христијан Мицкоски останува да се види.

Од собраниската говорница, Мицкоски вчера порача дека министерската функција не е привилегија, туку одговорност и обврска кон секој човек кој очекува подобар живот. Од новите министри очекува продолжување на процесот во кој, како што рече, државата повторно ќе се исправи на нозе.

– За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден од народот и му припаѓа на народот, рече Мицкоски.

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Сакаме да изградиме уште повеќе

Новите министри беа избрани со мнозинство гласови, но без поддршка од опозицијата која ја напушти собраниската сала поради навреди и пцости од страна на владини претставници.

Координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците  побараа лично извинување од премиерот Мицкоски и од кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за навредите и пцостите упатени кон пратеници од опозицискиот блок.

Изгласани новите министри во отсуство на опозицијата

Реконструкцијата доаѓа на две години од мандатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што дел од пратениците од опозицијата ја оценија како увертира во предвремени парламентарни избори за што се погласно се зборува дека ќе се случи следната година.

ПредходнаСо претставата Татко, Бајруш Мјаку ја заокружува својата 53-годишна кариера
СледнаМажите ги откриваат ситниците што ги привлекуваат кај жените (и тоа нема никаква врска со изгледот)