Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди, а за попладне пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневните од 30 до 37 степени.
За денеска во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер. Ветерот повремено ќе надминува брзина од 50 километри на час.




