дома Македонија Црна хроника Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово – поднесена кривична пријава...

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово – поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.

По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.

ПредходнаШто треба да содржи патувачката аптека за летен одмор со деца?
СледнаИзнуденото „извинете“ во празна сала не ги брише навредите на Мицкоски кон граѓаните, велат од СДСМ