Настапот беше дел од тридневната концертна серија „Extra Innings“ на Џеј Зи . За пејачката од Барбадос, која во последните години се посвети на својата модна и козметичка линија „Фенти“ и на семејството, ова беше еден од ретките настапи во живо од завршувањето на нејзината последна голема турнеја во 2016 година.
По дуетот со Џеј Зи, Ријана остана на сцената и го изведе својот хит „Bitch Better Have My Money“, на воодушевување на публиката.
Видеото стана вирален хит
Видеото од изненадувачкото појавување брзо стана вирално на TikTok. За кратко време, собра речиси 400.000 прегледи и повеќе од 37.000 лајкови.
Навивачите не можеа да го сокријат своето возбудување. „ПРОСТИ, ШТО?!“ беше еден од најпопуларните коментари. Други напишаа дека „светот конечно заздравува“, додека многумина рекоа дека би дале богатство за да бидат на стадионот и да го доживеат тој момент во живо.





