дома Локално Улицата Даме Груев во Центар се уредува просторно и хортикултурно

Улицата Даме Груев во Центар се уредува просторно и хортикултурно

Општина Центар ја реализираше првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието.

Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации.

– Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

ПредходнаКако крвавото минато ја обликува политичката сегашност меѓу Полска и Украина
СледнаАгент на ICE уби возач за време на рација за имиграција