дома Свет Балкан Србија со итни мерки во борбата против африканската свинска треска.Убиени 11500...

Србија со итни мерки во борбата против африканската свинска треска.Убиени 11500 свињи

Итни мерки на Србија во борбата против африканската свинска треска. Оддржан е состанок на државното раководство во врска со ширењето на инфекцијата што зафати 18 општини и доведе до еутаназија на над 11.500 свињи.

Министерот за земјоделство Драган Гламочиќ потврди дека африканската свинска треска не се пренесува на луѓето, но најави построги казни за ширење на инфекцијата. Од почетокот на годината, околу 25.000 свињи се еутаназирани или умрени, а најранливи се Сремскиот и Мачвскиот округ, како и областа Обреновац. Државното раководство ги координира понатамошните мерки со армијата и полицијата.

Локалните самоуправи апелираат за строго почитување на мерките за биолошка безбедност, вклучително и ограничување на бројот на луѓе што ги хранат животните и веднаш пријавување на сите промени кај ветеринарите.

ПредходнаОблачно и ветровито, попладне наместа дожд
СледнаЕК: Речиси 900 милиони евра обезбедени за Газа на донаторската конференција