дома Македонија Денот Д за Изборниот законик- А кој бараше една изборна единица и...

Денот Д за Изборниот законик- А кој бараше една изборна единица и отворени листи ?

 

Ако се зема предвид дека сите се обидуваат  вината за нефункционалноста на општеството да ја префрлат врз  системот, Една изборна единица и отворени листи се токму менување  таа нефункционалност и можност за вклученост  на целиот капацитет на општеството , а не само партиските војски, ухлебени во двата табора.

Денес истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но поместување кај политичките партии нема. Евроамбасадорот очекува решение и ги повика политичките партии да постигнат договор затоа што решението е важно за реформите, европските средства и за напредокот на државата.

– Навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Координаторите на партиите се среќаваат на дневна основа и се надевам дека овој чекор ќе биде постигнат. Како што знаете и како што беше објавено во јавност се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени како бенефит за македонските граѓани и се надевам дека овој консензус ќе биде постигнат до крајот на утрешниот ден, изјави вчера евроамбасадорот Михалис Рокас.

Но, кај политичките партии нема промена во нивните ставови.

Левица се обиде во понеделникот да иницира средба на опозициските партии на која требаше да ги усогласат барањата за да и ги достават на власта, но до средба не дојде откако опозициската СДСМ одби да присуствува.

– Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората, наведоа од СДСМ.

Левица инсистира на една изборна единица, а лидерот на СДСМ вели дека нема проблем да прифатат гласање на било каков закон вклучително и Изборниот законик но да не постои било каква можност за изборни манипулации. За СДСМ е спорен предлогот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за модалитетите за гласање на дијаспората за која се предлага да гласа електронски или по пошта.

Сепак тие воопшто не ја отвораат темата една изборна единица и отворени листи.Тие се возат на прашањето за дијаспората а се кријат од суштинската тема , која ВМРО ДПМНЕ исто така им ја предаде знаејќи дека ќе ја молчат

ВМРО-ДПМНЕ топката за Изборниот законик целосно ја префрлија на опозицијата на која и дадоа предлог дека ќе прифатат се што ќе побараат само да остане предлогот за гласање на дијаспората.

Малите партии и во колицијата на ВМРО ДПМНЕ и надвор од неа, молчат исто така за прашањето за една изборна единица, за нешто што години наназад одржаа безброј прес конференции и дебати.Најгласен молк  е кога се избрани , или на власт или кога се на позиција да прават пари, небитно кој од големите партии е на власт.

Ако се зема предвид дека сите се обидуваат  вината за нефункционалноста на општеството да ја префрлат врз  системот , една изборна единица и отворени листи се токму менување  таа нефункционалност и можност за вклученост  на целиот капацитет на општеството , а не само партиските војски, ухлебени во двата табора.

А кој бара една изборна единица , отворени листи, независни кандидати, демократски растеж….?

 

 

ПредходнаНа српски министер му е забранет влез во Косово поради изјави за етничко чистење
СледнаХороскоп за среда: Некој чека мистериозна порака, а некого важен состанок