дома Македонија Политика Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена

Ослободувањето на Никола Груевски за случајот „Талир 2“ е директна последица од измените во Кривичниот законик кои ги донесе претходната влада на СДСМ и ДУИ, додека вчерашната судска одлука конечно ја донесе долгоочекуваната правда за партијата. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле измислени во време кога се вршел агресивен политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на Владата посочи дека вчерашната пресуда е во целосна согласност со очекувањата на граѓаните за правда. Во однос на делот кој се однесува на поранешниот премиер, Мицкоски потенцираше дека одлуката на Судот е законски резултат на измените донесени во 2023 година, кои веќе резултираа со серија политички амнестии во земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на увидот во работите на Сува Река во општина Сарај, премиерот Мицкоски детално го образложи својот став за судскиот епилог.

„Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ, во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид агресија од страна на претходната влада, измислија случаи коишто не постојат, како што се „Талир 1“ и „Талир 2“. Вчера конечно судот што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе пресуда којашто е соодветно, во согласност на правдата и сè она кое што претставува очекување на граѓаните. Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето коешто е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од измените во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски

ПредходнаГрадоначалникот Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк