Приоритетите на шестмесечното Ирско претседателство со Советот на Европската унија денеска ќе бидат презентирани во Собранието.

На матичната Комисија за европски прашања за овие приоритети ќе говори Брендан Вард, амбасадор на Ирска за Северна Македонија со седиште во Букурешт.
Приоритетите на Ирското претседателство се на дневен ред и на Националниот совет за евроинтеграции.
Ирска ќе претседава со Советот на Европската унија во периодот од јули до декември годинава.




