дома Македонија Стевчо Јакимовски сам се пријави за отслужување на затворската казна

Стевчо Јакимовски сам се пријави за отслужување на затворската казна

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски доброволно се пријавил за отслужување на затворската казна од шест ипол месеци.

Информацијата ја соопшти неговата матична партија ГРОМ.

– Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор
под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош, велат од ГРОМ.

Оттаму оценуваат дека со случајот на Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврдил како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт.

– Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите
на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за
дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12
дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права., велат од ГРОМ.

ПредходнаЕСС утре на состанок, на дневен ред нема мерки за ублажување на кризата, но не е исклучено да се разговара