дома Македонија Политика Стојаноски: СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја блокираа изборната реформа – граѓаните...

Стојаноски: СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја блокираа изборната реформа – граѓаните останаа без 4,2 милиони евра од ЕУ

Опозициската коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја пропушти последната шанса за носење на новиот Изборен законик, со што директно ги оштети како иселениците, така и граѓаните во земјава. Ова на денешната вонредна прес-конференција го обелодени пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, нотирајќи дека денешниот 15 јули беше крајниот рок за исполнување на оваа клучна реформа.

Наместо усогласен законски текст кој требаше денеска да се најде на собраниска седница, опозицијата се одлучи за пасивна блокада и деструкција. Како директна последица на оваа неодговорност, државата нема да успее целосно да го заокружи европскиот реформски пакет, а буџетот ќе претрпи сериозен финансиски удар со губење на неповратни европски средства наменети за подобрување на животниот стандард.

Според тврдењата на пратеникот, владината коалиција понудила максимално компромисен простор за преговори, но од другата страна наишла на затворена врата и политички театар кој служи само за создавање алиби пред јавноста.

Стојаноски детално го образложи собранискиот преседан со кој денеска практично згаснаа шансите за навремено носење на Изборниот законик.

„Денеска е 15 јули, последниот рок кога требаше да биде усвоена изборната реформа. Во исто време, додека е закажана оваа прес-конференција во 11 часот, започнува пленарната седница на која има 24 точки, но точката за Изборниот законик нема да биде на дневен ред. Со што станува јасно дека обврската што Македонија имаше, да го усвои изборниот законик, нема да биде исполнета. Четири месеци преговарање во рамки на Министерството за правда, средби во Собранието, отворена понуда од владиното мнозинство кон опозицијата и повторно, опозицијата не смогна сили да седне, да го договори Изборниот законик, онака како што на нив им одговара и да го поднесеме во Собранието, за да може денес да го усвоиме. Оваа коалиција не ја оштети само дијаспората, ги оштети и граѓаните кои живеат во нашата држава, но покажа и дека изјавите на Кос и Рокас, коишто се европски претставници, не значат ништо пред нивниот политички интерес.“

ПредходнаРасчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски
СледнаФрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО