дома Локално Топло време со максимум до 39 степени

Топло време со максимум до 39 степени

Топло и стабилно време со слаб до умерен ветер од северен правец ќе преовладува денес во земјава. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.

ПредходнаПовеќе куќи и црквата „Св. Петар и Павле“ спасени од ТППЕ Струмица
СледнаМакедонец нападнал Србин со нож на брод во близина на Медулин. DORH објави соопштение