дома Македонија Политика ЕУ да биде стабилна затоа нови правила преку нон-пејпер за аспирантите

ЕУ да биде стабилна затоа нови правила преку нон-пејпер за аспирантите

Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од
пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски.
Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во
одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази.

ПредходнаЛевица: Со назначување на Ана Виткова за член на РКЕ целосно се партизира институцијата