Две македонски државјанки се уапсени во Црна Гора под сомнение за кражба на четири златни ланци од златарница во Игало.

Полицијата објави дека украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата.
„Одделот за безбедност во Херцег Нови ги уапси Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33) од Скопско, државјанkи на Северна Македонија, под сомнение за сторено кривично дело кражба“, се вели во полициското соопштение.
Се сомнева дека осомничените влегле во златарница во Игало околу 13:30 часот на 15 јули, претставувајќи се како клиенти заинтересирани за златен накит. Тие се осомничени дека побарале од вработена во златарница да им покаже одредени парчиња накит, а потоа, откако таа го покажала накитот, го искористиле нејзиното невнимание и незабележано зеле вкупно четири златни ланци од шанкот и ги ставиле во своите торби, по што го напуштиле местото на настанот. Осомничените беа уапсени вчера во стан во Херцег Нови.




