дома Локално Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода

Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода

 – Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без водаПоради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Дополнително, по барање на фирмата „Навипо Шипинг“, ќе се врши замена на затварач (шибер) Ф80 милиметри на улицата „Индустрија“ бб.

Поради овој зафат, без вода ќе останат корисниците од улиците „Индустрија“, „Перо Наков“, „Вера Радосављевиќ“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“ и „Зендел Џемаил“. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од јавното претпријатие.

ПредходнаДелови од Сопиште и Карпош денеска без струја
Следна„Звуците на Големата Степа“ и „Сина сенка“ вечер пред скопската публика