дома Локално За викендот многу топло

За викендот многу топло

По вчерашниот дожд во попладневните часови, денеска повторно не очекува сончево и топло време. Попладне повторно наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

За време на викендот ќе биде особено топло кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаМинистерот за култура со албанско знаме на маса го пречека австрискиот амбасадор
СледнаБез вода дел од Гази Баба