дома Свет Балкан Ст.Департмент: Стратешки дијалог со Приштина кога ќе се исполнат обврските кон Србите

Ст.Департмент: Стратешки дијалог со Приштина кога ќе се исполнат обврските кон Србите

Соединетите Американски Држави чекаат создавање услови за започнување стратешки дијалог со Приштина, а тие вклучуваат исполнување на обврските на Приштина кон Србите во Косово , објави Стејт департментот.


„Остануваме посветени на унапредување на заедничките интереси на Соединетите Американски Држави и народот на Косово. Со нетрпение очекуваме да се вклучиме во стратешки дијалог со Косово кога ќе се создадат соодветни услови, вклучително и исполнување на обврските на Косово кон косовските Срби“, изјави портпарол на Стејт департментот во одговор на Радио Слободна Европа.
Стејт департментот не даде рок за тоа кога може да започне стратешкиот дијалог, ниту пак дополнително прецизираше какви чекори очекува од Приштина.
САД го прекинаа стратешкиот дијалог со Приштина во септември 2025 година, на неопределено време, поради загриженост за постапките на  владатa  во Приштина.
Изјавата на портпаролот на Стејт департментот доаѓа на денот кога Вашингтон ја започнува првата рунда од стратешкиот дијалог со Србија, кој има за цел продлабочување на билатералната соработка во области како што се безбедноста, економијата и надворешната политика.

„Преку овој дијалог, САД и Србија ќе работат на постигнување на заеднички цели, вклучувајќи го регионалниот мир и стабилност, проширување на врските во областите на бизнисот и образованието и градење попросперитетна иднина“, рече портпаролот на Стејт департментот.
Амбасадата на САД во Приштина на 12 септември 2025 година објави дека САД го суспендирале стратешкиот дијалог со Приштина на неодредено време.
Амбасадата во тоа време соопшти дека одлуката е донесена поради „загриженост за постапките на сегашната влада“, за која рече дека „ги зголемила тензиите и нестабилноста“ и ја ограничила способноста на САД продуктивно да се ангажираат со Приштина за заедничките приоритети.
Одлуката дојде откако властите во Приштина презедоа мерки против српските институции во Косово .

Предходна„Мислев дека ќе остариме заедно“: Лидерот на бендот ја загуби девојката во пожар во бар
СледнаЦГ: Весна Меденица ослободена од обвинението за злоупотреба на службената должност