Апелациониот суд на Црна Гора ја ослободи поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, која беше осудена на шест месеци затвор за злоупотреба на службената должност.

.Меденица беше осудена на шест месеци затвор од Вишиот суд во Подгорица, а ова е случај во кој се споменува анонимна пријава.
„Специјалното државно обвинителство претходно поднесе обвинение против поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, обвинувајќи дека незаконски и без знаење на членовите на Судскиот совет донела одлука и го архивирала случајот на судија на Основниот суд во Рожаје. Како што наведува СДТ, со овој чин таа го спасила Милосав Зекиќ од сигурно отпуштање од судиската функција, му овозможила да продолжи да ги извршува судските должности и да прима целосна плата година и пол по таа одлука“, потсетува порталот на подгоричкиот „Дан“.




