По неколкудневни шпекулации, ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во недела, 21 часот.

Во последните неколку дена имаше информации дека паузата помеѓу двете полувремиња може да трае и до 25 или повеќе од 30 минути поради спектакуларната музичка програма. Сепак, светската фудбалска организација сега официјално ги негираше ваквите тврдења.
Како што објави „Марка“, ФИФА ги извести шпанската и аргентинската федерација дека полувремето ќе трае 17 минути, само две минути подолго од вообичаените 15.
Музичката програма, во која се очекува да настапат Шакира, Мадона и Џастин Бибер, ќе трае вкупно 11 минути. Останатите шест минути се планирани за поставување и симнување на сцената и полевање на тревникот.
ФИФА, исто така, потврди дека правилата за паузите за освежување нема да бидат променети. Поради високите температури, судијата, како и во претходниот дел од првенството, накратко ќе ја прекинува играта по еднаш во секое полувреме за да им овозможи на играчите да се освежат.




