дома Локално Пеколни горештини денес, температурата ќе тера до 40 ка

Пеколни горештини денес, температурата ќе тера до 40 ка

Денеска низ земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, проследено со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се движи од 33 до 39 степени, додека утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 22 степени.

 

Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во делови од котлината можно е краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 20 до максимални 38 степени.

ПредходнаВИДЕО Гори „Руски Амазон“, има и смртни случаи
СледнаЛетен комплет за прва помош: еве што треба да понесете со себе за одмор на плажа