дома Македонија Општество Почина екс потпретседателот на Антикорупциска – Нури Бајрами

Почина екс потпретседателот на Антикорупциска – Нури Бајрами

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија.

Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами.

Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2.

Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност.

Тој, исто така, работел и во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Во Општина Гостивар ги вршел функциите раководител на Одделение за управување со човечки ресурси и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Семејството соопшти дека погребот ќе се одржи денес, по попладневната молитва

ПредходнаИТЕН СОСТАНОК НА КРИЗНИОТ ШТАБ ПОРАДИ ЧУМАТА! Српската армија излезе на терен, ситуацијата е СЕРИОЗНА