дома Магазин ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство...

ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство По неколкудневни шпекулации, ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во недела, 21 часот

 

По неколкудневни шпекулации, ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во недела, 21 часот.

Во последните неколку дена имаше информации дека паузата помеѓу двете полувремиња може да трае и до 25 или повеќе од 30 минути поради спектакуларната музичка програма. Сепак, светската фудбалска организација сега официјално ги негираше ваквите тврдења.

Како што објави „Марка“, ФИФА ги извести шпанската и аргентинската федерација дека полувремето ќе трае 17 минути, само две минути подолго од вообичаените 15.

Музичката програма, во која се очекува да настапат Шакира, Мадона и Џастин Бибер, ќе трае вкупно 11 минути. Останатите шест минути се планирани за поставување и симнување на сцената и полевање на тревникот.

ФИФА, исто така, потврди дека правилата за паузите за освежување нема да бидат променети. Поради високите температури, судијата, како и во претходниот дел од првенството, накратко ќе ја прекинува играта по еднаш во секое полувреме за да им овозможи на играчите да се освежат.

ПредходнаБизнис без граници: ФИФА дури и наплаќа за прес-конференции пред финалето на Светското првенство
СледнаТрамп: Aма сакаме уште едно Светско првенство, но без Канада и Мексико