дома Локално Заглавено на 4 часа на границата со Грција: Седум ленти преполни, нервоза...

Заглавено на 4 часа на границата со Грција: Седум ленти преполни, нервоза колку сакаш

 

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

Според возачи кои се наоѓаат во колоните, чекањето трае со часови. Еден од нив за „Скопје1“ вели дека на граничниот премин чека веќе четири часа, додека и други возачи сведочат за долги застои и бавно одвивање на сообраќајот.

Според последниот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), објавен во 6 часот утринава,  се покажува значително пократко време на чекање.

Разликата меѓу информациите од терен и официјалниот извештај најверојатно се должи на тоа што состојбата на граничниот премин значително се променила по објавувањето на утринскиот билтен на АМСМ.

Поради викендот и летната туристичка сезона, и денеска се очекува зголемена фреквенција на возила кон Грција, а на возачите им се препорачува да сметаат на можни подолги задржувања на граничните премини.

ПредходнаКолку пари се во игра во финалето на Светското првенство 2026?
СледнаНадвор од неверството: 5 подеднакво сериозни причини за развод