дома Македонија Која е причината за загадувањето во Гостивар ќе биде познато утре

Која е причината за загадувањето во Гостивар ќе биде познато утре

Резултатите од анализите и испитувањата на квалитетот на водата од гостиварскиот водовод, според најавите, треба да бидат готови до утре и предадени до Обвинителството.

Од Обвинителството велат дека откако ќе ги добијат резултатите ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката.

Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.

Во петокот Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење.

 

ПредходнаХороскоп за недела: Бикот ќе ужива со партнер, Стрелец ќе планира патувања
СледнаВо Гостивар ќе биде прогласена епидемија, бројот на заболени се зголемува