дома Македонија Невреме на југоистокот, граѓаните пријавуваат штети

Невреме на југоистокот, граѓаните пријавуваат штети

Невреме со обилни врнежи од дожд и силен ветер во попладневните часови го зафатија југоистокот на државата. Најпогодени се Делчево, Ново Село, како и делови од струмичко и радовишко.
Пожарникарите од Струмица информираа дека интервенирале на пожар на штала и сува трева и на отстранување на паднато дрво на коловоз во Ново Село.
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски апелираше до граѓаните да не излегуваат доколку немаат неодложна потреба, а оние кои сакаат да помогнат на терен да се јават на телефонот на Територијалната противпожарн единица во Делчево.
– Доколку имате потреба од итна помош или се соочувате со проблеми предизвикани од невремето, ве молам веднаш обратете се на дежурната линија на 112 и 193 на телефонскиот бројна ТППЕ Делчево, каде што ќе добиете соодветна помош и насоки. Воедно, ги повикувам сите хумани граѓани кои сакаат доброволно да помогнат во активностите на терен, да се пријават на телефонот на ТППЕ Делчево, по што ќе добијат информации и упатства за нивно безбедно вклучување во акциите, објави Гоцевски на Фејсбук.
ПредходнаПокрената истрага против три лица за загадување на водата во Гостивар, Обвинителството ги објави резултатите од анализите
СледнаПретседателката на Индија пристигна во земјава, ја пречека министерот Муцунски