дома Магазин Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс доби син, четврто дете

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс доби син, четврто дете

– Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша го пречекаа своето четврто дете, момче, во недела, објавија денес американските медиуми.
Венс рече дека бебето, Алек Нил Венс, е родено во недела во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во Бетезда, Мериленд, објави Ројтерс.


„Уша и бебето се добро и здрави, а нашите деца се пресреќни што го запознаа својот мал брат“, објави Венс на својот X профил.
Венс, роден во Охајо, и Уша, ќерка на индиски имигранти, се запознале додека студирале на Правниот факултет на Јеил, каде што дипломирале во 2013 година.
Нивниот прв син, Хуан, е роден во 2017 година, по што следел вториот син, Вивек, во 2020 година, и ќерката, Мирабел, која е родена во 2021 година.

ПредходнаТри лица починати во возило на патот ГП Блаце – Скопје
СледнаЕкстремна топлина се очекува во Јапонија во текот на целата недела