дома Култура Македонскиот КИЦ во Софија ќе ја одбележи 100-годишнината од упокојувањето на Крсте...

Македонскиот КИЦ во Софија ќе ја одбележи 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков

  По повод 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе организира пригодно чествување посветено на една од најзначајните личности во македонската културна и национална историја.

Во рамки на настанот ќе се одржи предавањето „Поетиката на националната идеја: книжевна интерпретација на „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков“, на кое проф. д-р Анита Ангелевска и Гордана Гравчева-Ивановска, професор по македонски јазик и книжевност, македонист и лектор, ќе понудат книжевно-научно читање на капиталното дело на Мисирков.

Како што информираат организаторите, предавањето ќе ги разгледа поетичките, културолошките и националните димензии на „За македонцките работи“, дело што се смета за еден од темелните текстови во развојот на македонската национална мисла и афирмацијата на македонскиот јазик.

Од Македонскиот културно-информативен центар во Софија посочуваат дека преку чествувањето му оддаваат почит на Крсте Мисирков како мислител, публицист и визионер, чие творештво и по еден век останува значајна референца во афирмацијата на македонскиот јазик, култура и национална самобитност.

ПредходнаМакедонскиот „Стрип-креатор” во трка за престижна награда на фестивалот „ Супертјун/ Supertoone ” во Шибеник
СледнаВлезот на Црна Гора во ЕУ е преседан за финансирање на идните проширувања