Нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на невреме најавуваат синоптичарите за попладне. Преку ден ќе биде сончево и многу топло со максимална температура од 32 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со услови за пороен дожд и засилен ветер во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.




