Само еден ден пред Обвинителството да побара примероци од водата, јавното претпријатие Комуналец од Гостивар објавило огласи за две итни активности – набавка на хлор и вонредна анализа на водата, објави Колегиум.
Хронолгијата на документите отвара нови прашања за тоа кога институциите првпат добиле сигнал дека нешто не е во ред, пишува Колегиум.
Според директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, Обвинителството на 16 јули во попладневите часови побарало да се земат мостри од наводно загадената вода, а според министерот за здравство Сашо Клековски на 14 јули лекарите во Гостивар прегледале 360 пациенти со стомачни тегоби.
Документите објавени од Бирото за јавни набавки покажуваат дека на 15 јули, гостиварското јавно претпријатие „КОмуналец“ објавило оглас за јавна набавка на гасен хлор. Тоа е хлор во гасовита состојба што се користи најчесто за дезинфекција на водата – за уништување на бактерии, вируси и други микроорганизми во состемите за водоснабдување. Според огласот којшто е сеуште активен, се бара набавка на 3,6 тони хлор, пишува Колегиум.
дома Македонија Колегиум: Ден пред институциите да земат примероци, гостиварски Комуналец распишал тендери за...




