дома Локално Од попладне промена на времето, дожд и засилен ветер до петок

Од попладне промена на времето, дожд и засилен ветер до петок

Нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на невреме најавуваат синоптичарите за попладне. Преку ден ќе биде сончево и многу топло со максимална температура од 32 до 37 степени.

 

Во Скопје, слично време со услови за пороен дожд и засилен ветер во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

ПредходнаПретседателката на Индија пристигна во земјава, ја пречека министерот Муцунски
СледнаУкраина ги бомбардираше Москва и нејзината околина со 400 дронови