Градоначалникот на Скопје објави броеви на кои граѓаните може да се јават за да пријават штети од невремето што попладнето го зафати градот.

Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:
112
072314929
072314909
02/3297-204
– Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба, вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.




