дома Свет Австрија ја претвори родната куќа на Хитлер во полициска станица

Австрија ја претвори родната куќа на Хитлер во полициска станица

Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин ќе биде претворена во полициска станица, која денес ќе ги отвори своите врати по неколкугодишно реновирање, јавува ДПА.

Австрија ја претвори родната куќа на Хитлер во полициска станицаЦелта на промената е да се спречи зградата на границата со Баварија да привлекува неонацисти.

Реконструкцијата чинеше околу 20 милиони евра. Според плановите, комплексот, кој вклучува дополнителни згради и внатрешен двор, ќе смести полицајци од регионалната полициска управа и локалната полициска станица.

Куќата каде што е роден Хитлер на 20 април 1889 година, долго време била во приватна сопственост. Во 2017 година, зградата била експроприрана по долга правна битка. Експертска комисија ја отфрлила идејата за нејзино рушење или претворање во музеј, препорачувајќи наместо тоа да се реновира за да се направи зградата што е можно понепрепознатлива.

Родното место на Хитлер постојано привлекувало крајно десничарски екстремисти. Австриските власти го сметаат неговото претворање во полициска станица за предност, бидејќи осомничените можат веднаш да бидат проверени на лице место.

Хитлер ја започна Втората светска војна, во која загинаа најмалку 60 милиони луѓе. За време на Холокаустот, се проценува дека биле убиени и околу 6 милиони еврејски мажи и жени.

ПредходнаВојната во Иран ги чинеше САД 37,5 милијарди долари и 430 ранети 18 загинати војници
СледнаШпанија ја заострува забраната за пушење на јавни места