дома Бизнис Поради блокираната Русија, повеќе гас од Азербејџан до Германија

Поради блокираната Русија, повеќе гас од Азербејџан до Германија

Германија и Азербејџан ги продлабочуваат економските односи – договор за оваа цел беше потпишан во вторник во Берлин од страна на канцеларот Фридрих Мерц и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Фокусот е првенствено на испораките на природен гас и нафта од кавкаската република, а се формира и заеднички економски совет.

Азербејџан е една од ретките земји во регионот што има вишок енергија, објасни Мерц. Затоа, како што рече, е „интересен партнер“ за снабдување.

Поради рускиот напад врз Украина, Германија сака да ја прекине својата зависност од рускиот природен гас и бара алтернативи.

Од почетокот на годината, азербејџанскиот гас веќе пристигнува во Германија. Досега е договорена годишна испорака од 1,5 милијарди кубни метри.

Во Берлин, Алиев најави можност за поголеми испораки, но за тоа, рече тој, е неопходна изградба на дополнителни гасоводи.

ПредходнаГерманските железници забрануваат алкохол – освен во баровите на станиците
СледнаОваа девојка ја следат над милион луѓе на Инстаграм за само неколку дена