дома Македонија Водата за пиење во Валандово содржела зголемено ниво на арсен

Водата за пиење во Валандово содржела зголемено ниво на арсен

Додека Гостивар се соочува со најголемата катастрофа со водата за пиење, денес е потврден уште еден случај со неисправна вода.
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово информираше дека во водата од градскиот водовод во Валандово има зголемено ниво на арсен.
– Согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода, стои во објавата од ЈП „Комунален сервис“.
Оттаму велат дека за сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена.
ПредходнаКлековски со забелешка за докторите кои даваат коментар за Гостивар, реагираше Пановски
СледнаБеќаровски за водата во Валандово: Акутно труење со арсен настапува при дози илјада пати повисоки