Управата за хидрометеоролошки работи вечерва информира дека нестабилноста се намалува и дека има слаби до умерени врнежи од дожд во северозападните, централните и североисточните делови на земјата.

– Невремето се испразни во Црна Гора, Албанија и Косово, стои во објавата на Фејсбук.
Претходно, УХМР предупреди дека ново невреме се движи кон Македонија од Албанија и Косово.




