дома Локално Oд утре сончево, од петок пристигнува нов влажен бран со дожд

Oд утре сончево, од петок пристигнува нов влажен бран со дожд

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.

ПредходнаАкциите на Ербас скокнаа за 7% по планот за откуп на акции и големото зголемување на профитот
СледнаЧовек танцуваше на концертот на Шакира, а потоа луѓето сфатија кој е тој