
Фокусот е првенствено на испораките на природен гас и нафта од кавкаската република, а се формира и заеднички економски совет.
Азербејџан е една од ретките земји во регионот што има вишок енергија, објасни Мерц. Затоа, како што рече, е „интересен партнер“ за снабдување.
Поради рускиот напад врз Украина, Германија сака да ја прекине својата зависност од рускиот природен гас и бара алтернативи.
Од почетокот на годината, азербејџанскиот гас веќе пристигнува во Германија. Досега е договорена годишна испорака од 1,5 милијарди кубни метри.
Во Берлин, Алиев најави можност за поголеми испораки, но за тоа, рече тој, е неопходна изградба на дополнителни гасоводи.




