дома Култура Серија целовечерни концерт на „БитФест“ во Битола

Серија целовечерни концерт на „БитФест“ во Битола

   Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со серија целовечерни концерти која ја отворија младите уметници од квартет „Пелагонија“, а вечер на сцената пред Офицерски дом во Битола целовечерен концерт ќе приредат членовите на универзитетскиот ансамбл „Македонија“ од Скопје.

Синоќа на малото плато пред Офицерски дом со актуелни музички нумери, балади, валцер и танго, битолчани и гости на градот ги забавуваа младите уметници од квартетот „Пелагонија“ во кој членуваат музичари од Битола и Прилеп.

Од Културно информативен центар КИЦ Битола информираат дека вечер од 21 часот на големата фестивалска сцена пред Офицерски дом ќе настапи универзитетскиот ансамбл „Македонија“ од Скопје, кои ја подготвија кореографијата „Банди“.

Според програмта на „БитФест“, утревечер концерт со наслов „Малој моме цвеќе брало“ ќе одржи Габриела Новевска, а во сабота ќе настапи ансамблот на КУД „Илинден“ чии членови синоќа се вратија во Битола од настапот на светскиот фолклорен фестивал во Истанбул каде го освоија сребрениот медал.

ПредходнаСДСМ: Зошто ВМРО го напаѓа Венко Филипче? Затоа што немаат одговор за Гостивар
СледнаНа „Охридско лето“ одбележани 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност во Скопје