
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека 18 американски војници загинале во војната меѓу САД и Израел против Иран.
„Ирански воен конфликт: четири месеци, 18 мртви“, пишува на графикон објавен од Трамп.

Централната команда на САД (CENTCOM) претходно објави дека двајца војници се убиени, а еден е исчезнат во иранскиот напад врз американската база во Јордан на 17 јули. Пентагон тогаш соопшти дека идентитетот на двајцата загинати војници е утврден и дека е во тек истрага за инцидентот.
ЦЕНТКОМ, исто така, објави дека еден американски војник е убиен на 18 јули во Ирак за време на контролирано уништување на неексплодирана боева глава на ирански дрон.
Војната во Иран ги чинеше САД 37,5 милијарди долари и 430 ранети 18 загинати војници
По тој инцидент во Ирак, бројот на американски војници убиени во војната, која започна во февруари со напади на САД и Израел врз Иран, се искачи на 17. Трамп сега објави дека бројот се искачил на 18.




