
Информациите за денешниот датум ги објави германскиот весник „Ханделсблат“, кој се повикува на двајца високи функционери на ЕУ. Одлуката следува по состанокот на колегиумот на комесари предводен од Урсула фон дер Лајен, каде што требаше да се потврди казната.
Заканата на Трамп
Според Законот за дигитални пазари (DMA), казните можат да изнесуваат до 10 проценти од вкупниот годишен промет на компанијата во светот. Со оглед на тоа што матичната компанија на Google, Alphabet, пријави приход од 402,8 милијарди долари во 2025 година, максималната казна теоретски би можела да достигне десетици милијарди долари.
Одлуката за казната би можела дополнително да ги затегне односите со САД. Вашингтон претходно го обвини Брисел дека неправедно ги таргетира американските компании со својата дигитална политика. Во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100-процентни царини за сите европски земји кои ги оданочуваат дигиталните услуги на американските компании.




