Законите од областа на образованието кои наидоа на реакции кај јавноста, особено кај научната јавност, денеска ќе се најдат на пленарна седница.
Собранието во рамки на 116. седница ќе треба да се изјасни за Предлог законот за високото образование во прво читање, како и за Предлог измените на Законот за студентскиот стандард, Законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и за Предлог законот за научноистражувачката дејност.




