дома Живот Здравје Паркинсонова болест и бучава: ризикот од развој на болеста се зголемува ако...

Паркинсонова болест и бучава: ризикот од развој на болеста се зголемува ако живееме на место со густ сообраќај

Долготрајната изложеност на бучава од сообраќајот може да ја зголеми веројатноста за развој на Паркинсонова болест, покажува нова студија. Добрата вест е дека мирниот дел од вашиот дом може да помогне во неутрализирање на дел од негативното влијание.

Научниците во Данска анализирале податоци од повеќе од три милиони жители за да утврдат дали постојаната бучава во различни делови од домовите влијае на ризикот од невродегенеративна болест. Студијата, објавена во списанието JAMA Neurology ,

Резултатите покажаа дека за секое зголемување од околу 11 децибели на бучава на страната од домот што е најизложена на сообраќај, ризикот од Паркинсонова болест се зголемува за приближно 3%.

Живеењето покрај голема сообраќајница не е добро за нашето здравје

На мирната страна од домот – онаа што е најмалку изложена на сообраќај – ризикот се зголемувал за 4% за секои дополнителни 9 dB бучава. Студијата покажала дека мирната страна од домот делува како заштитен тампон што може да ги ублажи штетните ефекти од бучавата, особено кај луѓето изложени на повисоки вкупни нивоа на бучава.

Луѓето чии домови немаат толку тивка страна се изложени на поконстантни и неизбежни нивоа на бучава, особено ноќе, што авторите го дефинираат како поштетно за здравјето. Резултатите беа конзистентни без оглед на полот, образованието, приходот, брачниот статус и густината на населението во проучуваните области.

Бучавата има долгорочни ефекти врз здравјето на мозокот

Хроничната бучава може да го наруши сонот, процес неопходен за здравјето на мозокот, а исто така да предизвика реакција на стрес во телото. Продолжената изложеност на бучава може да доведе и до невроинфламација и оксидативен стрес во мозокот, особено во областите поврзани со производство на допамин.

Паркинсоновата болест е втора најчеста невродегенеративна болест во светот, која според најновите бројки зафаќа повеќе од 11 милиони луѓе. Се очекува бројот да се зголеми повеќе од двојно во наредните децении, бидејќи луѓето живеат подолго, а во некои земји населението продолжува да расте.

Точната причина за болеста останува непозната и во моментов не постои третман што може целосно да ја излечи. „Затоа, идентификувањето на факторите на животната средина на кои може да се влијае е приоритет на јавното здравје“, рече Фернандо Алонсо Фреч, невролог и истражувач во Сеопфатниот невролошки центар ХМ ЦИНАК, кој не беше вклучен во студијата.

 Според Френч, резултатите треба да стимулираат стратегии како што се урбанистичко планирање, изградба на бучни бариери, намалување на сообраќајот во станбените области и дизајнирање домови со фасади и рекреативни површини помалку изложени на бучава, го цитираше „Еуроњуз“ .
ПредходнаСуспендираниот агент на Тајната служба, на Џ.Д. Венс заради скриени објави до медиуми
СледнаЏилијан Андерсон се враќа во „Досиеја Икс“, но како фигура од Лего