дома Македонија Телма: Вработен во гостиварски „Комуналец“ починал десет дена пред да почнат да...

Телма: Вработен во гостиварски „Комуналец“ починал десет дена пред да почнат да работат пумпите

Вработен во комуналното претпријатие во Гостивар кој интервенирал во водоводниот систем починал на 15 јуни, десет дена пред да почнат да работат пумпите кои ја загадија водата, објави телевизија Телма.

– Ова го открива полицискиот билтен за 15 јуни, настан кој се случил десет дена пред да почнат пумпите кој го загадуваа водоводот да работат. Случајот бил пријавен во полиција, а првичните, информации биле дека тој дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води, се заглавил и починал, објави Телма.

Денеска ниту од Обвинителството, ниту од МВР не одговараат дали е отворена истрага и дали ја знаат точната причина зошто човекот влегол во каналот.

Тој бил од Дебреше, истотo село од кое после само неколку денови од инцидентот мештаните протестираа пред Општината Гостивар. На 19 јуни бараа поголем притисок на водата во нивните чешми, а протестот ескалираше кога го искршија стаклото од влезната врата. За овој инцидент општината не поднела пријава во полицијата, а сторителите биле повикани во станица па пуштени.

И после еден месец од овие случувања ниту обвинителството – ниту МВР за сега не ги поврзуваат со поставувањето на пумпите кои ја загадуваа водата дело за кое сега се осомничени директорката на Комуналец со уште двајца директори, објави Телма.

ПредходнаЃорѓиевски: Историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП