Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан.
Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“ ќе настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, уметници чија долгогодишна меѓународна кариера е препознаена по исклучителниот музички израз и врвната интерпретација.
Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на пријателството, културната соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји.Тука се и Касинос Австрија Интернешанал Македонија, кои остануваат посветен партнер на настаните кои создаваат трајни вредности и го збогатуваат културниот живот во земјата.




