Измените на Законот за студентски стандард денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Ќе се разгледуваат поднесените шест амандмани.

Законските измени се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а со нив се заоструваат критериумите за сместување во државните студентски домови. Горната граница за сместување е 30 години.
Измените предвидуваат и забрани за престој во домовите доколку се прекрши редот во студентскиот дом односно доколку се пушти во собите, се внесува алкохол или се уништува инвентарот.




