дома Свет Трамп: Иранските пари во САД ќе бидат искористени за компензација на штетите...

Трамп: Иранските пари во САД ќе бидат искористени за компензација на штетите на бродовите во Ормуз

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе ги користат иранските пари што се во посед на Вашингтон за да ги компензираат штетите на бродовите и товарот во Ормузскиот теснец предизвикани од Иран.


Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека
штетите на бродовите и товарот ќе бидат компензирани со ирански пари што САД „ги имаат во посед и контрола“.
Трамп оцени дека ова е „праведен и правилен потег“, и дека доаѓа во време кога бродовите во Ормузскиот теснец, клучен воден пат за транспорт на нафта од Заливот, сè уште се цел на ирански напади.

ПредходнаЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар
СледнаЕУ го предупредува Косово: Веднаш да престане со уривањето на српските викенд куќи