Најчесно би било оние кои заминуваат да ги вратат мандатите бидејќи своите позиции ги имаат добиено благодарение на довербата на граѓаните, вели претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриески за советничката од Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска и пратеникот Миле Цеков кои ја напуштија партијата и најавија дека ќе делуваат независно.
– Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање, рече Димитриески денеска во Прилеп.

На трибината што ја организираше ЗНАМ, Димитриески рече дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само
политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени.
– Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Државата има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина, рече Димитриески.




